СПАСОВСКИ : ТЕКСТОТ НА ДЕЛ ОД ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ Е ИДЕНТИЧЕН КАКО НА ОНИЕ КОИ СЕ ПРАЌААТ ВО ЗЕМЈИТЕ ОД РЕГИОНОТ

0
318

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Тетово, зборувајќи за електронските дојави за бомби кои постајано пристигнуваат на различни места во изминатиот период, рече дека дел од пораките кои што се пратени се исти со оние кои ги добиваат и земјите во регионот.– Ние имаме добра геостратешка положба, таа ни помага многу за други работи, меѓутоа од аспект на безбедносните предизвици претставува голема индикација. Дел од пораките коишто ги праќаат деновиве се истите пораки коишто ги добиваат и државите во регионот.

Комплетно истиот текст којшто е кај нас е и во неколку земји во регионот, Црна Гора, Република Српска … Секако има и еден друг сегмент во којшто има најави од други причини. Знаете дека во Скопје имаме завршен случај, откриен за еден ден, на добар пат сме сега брзо да се реализира и за Кавадарци, работиме постојано со нашите меѓународни партнери, со сите меѓународни организиации коишто можат да помог