Латас: Победникот си е победник – треба да му честитаме на Пендаровски

0
1744

Завршија претседателските избори. СДСМ, ДУИ, ДПА и делот од Беса како и гласовите на Алијансата на Албанците во вториот круг обезбедија победа, и тоа со околу 58.000 гласови предност, за Стево Пендаровски. – пишува Латас во најновата негова колумна за Курир.

После се на Стево Пендаровски треба да му се честита победата. Некому е поради тоа мило, некому тажно, многумина се гневни… но, победникот си е – победник. Сега, по овие избори, СДСМ ја има целосната, тотална власт во државата врз Собранието, владата, претседателскиот кабинет, судовите, обвинителствата, медиумите, невладиниот сектор, спортските организации, синдикатите… се што мрда во државата е под нивна контрола. – наведува Латас во својата колумна.