ГОТОВО Е СО ВМРО НАРОДНА, СЕ РАЃА НОВА ПРО-БУГАРСКА ПАРТИЈА СО ДИРЕКТНИ ЛИНКОВИ ВО СОФИЈА!

0
2950

Во Македонија има околу 50 000 пробугарски гласови за кои досега се тепаа ВМРО ДПМНЕ и ВМРО НАРОДНА.

Овие гласови се концентрирани во Охрид, Велес, Штип, Делчево, Берово, Пехчево, Струмица и Скопје.

Но сега се раѓа нова партија во која се здружуваат сите македонско-бугарски невладини и здруженија и која ќе биде предводена од Петар Колев, личен пријател на Бојко Борисов и Каракачанов.

Се шпекулира дека партијата е помогната логистички од Софија, но интересно е што во неа членуваат и муслимани и што е граѓанска но десничарска, затоа и логото и името наликуваат на германската ЦДУ, владејачката партија на Меркел.

Лидерот на партијата обзнани дека партијата ги собрала потребните потписи и сега на 18-ти март ќе се одржи основачко собрание.

Почитувани пријатели,

Ви благодариме за поддршката на иницијативата за формирање на Граѓанско Демократската Унија, за времето и енергијата кои ги вложивте.

За Вашата гостопримливост додека ги собиравме потписите потребни за регистрација на заедничкиот проект.

Ви благодариме за добронамерноста, сугестиите и идеите кои ги споделивте со нас. Но, највеќе за еланот, желбата и вербата дека промените се можни, дека промените се потребни.

Се гледаме на Основачкото Собрание на ГДУ

Во недела, во 13:00 часот во Хотел Мериот – Скопје.

Претседател на Иницијативниот Комитет на ГДУ

Петар Колев