ПОРАНО МАРТИН ЕНДЕК ПРОТУЃЕР ФРЛАШЕ ВО ЕНДЕЦИ, СЕГА МИЦКОСКИ ЌЕ ВЛЕЧЕ ПОЛИТИЧКИ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ ПО УЛИЦИ

0
468

Политички потрес создаде вчерашното интервју на Данела Арсовска каде на национална телевизија упати обвинувања за закани кон неа кои доаѓаат лично од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ќе те влечеме по улици, ќе бришеме под со тебе“ така наводно и се заканувал Мицкоски на Арсовска откако претходно се испокараа за тендерот за пречистителната станица во Скопје.

По ваквите обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ побара од Арсовска да достави доказ дека е психички здрава со што уште толку ја разбранува јавноста.

Ваквото однесување, многумина го толкуваат како потврда дека Мицкоски не може да излезе од матрицата на режимот, матрицата на насилството.

Заканите кои ги цитира Арсовска а кои доаѓаат од Мицкоски, потсетуваат на некои минати времиња, кога во аудио материјалите што ги објавуваше тогаш опозициската СДСМ јавноста слушаше како Мартин Протуѓер, тогашен секретар на Владата се заканува дека првиот човек на ФФМ со своето семејство ќе завршел во ендек, а даваше предлози и да се опожарат угостителски објекти на партиски неистомисленици.

За помалку од една година од мајка на градот, како што ја претставуваа Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ, таа за Мицкоски стана крпа за бришење подови, што само потврдува колку коалицијата Арсовска – ВМРО-ДПМНЕ е нефункционална, а сето тоа се одвива врз грбот на скопјани кои со месеци живеат во блокиран град и без соодветен јавен превоз.