ДОАЃААТ 20 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ ОД ГРЦИЈА И 50 ИЛЈАДИ ОД БУГАРИЈА, ФИЛИПЧЕ: ЌЕ ГИ РЕВАКЦИНИРАМЕ НАШИТЕ ГРАЃАНИ НАД 60 ГОДИНИ КОИ ШТО БЕА ПРВИОТ ПАТ ВО СРБИЈА

0
2031

Вакцинацијата во Македонија продолжува со исто темпо, а следната недела се очекуваат 20 000 вакцини донација од Грција и 50 000 од Бугарија. Дополнително во јуни пристигнуваат вакцини и преку Ковакс, но и кинески вакцини, па министерот Венко Филипче очекува вакцинацијата да продолжи со ова темпо, од околу 10 000 вакцинирани дневно.

“Отвораме уште еден сајт revakcinacija.mk, на која ќе се пријавуваат граѓаните кои се вакцинираа во Србија, за да бидат ревакцинирани со Астра Зенека. Сепак останува кај нас да се ревакцинираат само граѓани постари од 60 години” – појасни Филипче.

“Очекуваме околу 20 јуни да има најголем број за ревакцина со Астра Зенека. Според нашите критериуми, може да обезбедиме една количина и кај нас од нашите вакцини на Астра Зенека и согласно тоа да го направиме планот” – изјави Филипче.