БИТИЌИ : СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ ГЛАС НА ЖЕНИТЕ, ГЛАСНО ЌЕ СЕ БОРАМ ДА БИДАТ НА МАСА КАДЕ СЕ НОСАТ ОДЛУКИ

0
392
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се обрати на регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ“ во организација на Министерството за труд и социјална политика.

Во продолжение ви го праќаме неговото интегрално обраќање:
„Чест ми е што сум на отворањето на вториот ден од оваа конференција.
Свесен сум и треба сите да сме, дека сите жени што сте денеска тука, сите жени во сите канцеларии денеска и секој ден на работното место, сите девојки и жени при постигнување на сите степени на развојот веќе се неколку чекори напред затоа што требало и преминуваат преку многу повеќе препреки и предрасуди.Дали со ова можеме да се согласиме?
Ова е реалност за сите жени. Секаде. А сепак не можеме да го нотираме како факт.
Само жените, искуствено, знаат што значат тие препреки, во какви мали нијанси на тон, заплашување, поттргнување на страна, шеги, сместување во кутија на што може да се биде и до каде може да се расне и напредува, што се очекува за да бидат целосни или доволни, сфатени сериозно, надзборувани, изолирани во машкото друштво, објективизирани, етикетирани, сведувани на преемотивни или недоволно женствени. Само жените знаат што цел овој куп значи да се носи одозгора на секојдневниот живот и обврски.
Само кога ќе го кажам сиот овој куп над мене, станувам свесен од колку сум јас, ослободен.
Сето ова го кажувам за мојата порака биде уште посилна, кога ќе кажам, ви се восхитувам и ви благодарам. Ви благодарам за тоа што и покрај се ова, вие постојано, секој ден, влегувате во просториите со леснотија, жив дух, оптимизам, упорност и одговорност за она што денот го носи.

И секој ден успевате! Го заземате вашето место, тоа не ви е дадено, но е ваше, ви припаѓа, затоа што го заслужувате.Јас немам начин како да делегализирам се што вам ви се случува, ова е работа на свеста, напредок во општеството, борба со предрасудите, покажување и славење на добрите примери и отфрлање на сето она што стои на вашиот, на сечиј пат.Горд сум што системските закони за заштита од дискриминација, Истанбулската конвенција, правичната застапеност, родово сензитивни политики и правото на еднакво вреднување на трудот се реализирани во нашата држава. И ова е факт. Но мораме да продолжиме да се бориме со сите овие пречки кои се реалност, но не и факти.
Ова е втор ден од оваа конференција и одлучив дека денеска нема да зборувам за бројки на вработеност на жени, колку сте вклучени во бизнисот, колку грантови биле обезбедени за жени… верувам дека тоа веќе се беше кажано. Денеска, тука со вас сакам да зборувам за работите кои не ги кажуваме гласно, а мораме!На жените не им треба охрабрување, вие веќе сте храбри, не ви треба заштита, вие не сте жртви, не треба да ви се даде шанса, вие сами ја земате.
Вам жените не ви требам јас или било кој друг да ви каже кои сте, што можете и колку вредите. Вам жените ви требам јас и сите како мене, ослободен од моите генерациски натрупани предрасуди и очекувања. И ова е процес и пат на кој сите ќе мораме одново да научиме.Денеска додека зборувам имам голема трема, затоа што знам дека зборовите кои ги читам се вистина, иако често е некажана. Посебно не во бизнис светот од кој што доаѓам.И ова денеска не се мои зборови, ова се зборови кои ги напиша Ана, која ги работи моите комуникации (и сака да додадам и се во кабинетот, без мене не функционирате ни еден ден.
Да, Ана така е, и тоа е вистина иако е непроверлив факт како што е вредноста на сите жени на работните места. Вие сте конкурентска предност во секоја канцеларија, на секој состанок, во секое решавање на конфликт или предизвик, во секое јакнење на тимот и напредок.Ова се зборови кои ги напиша Ана, низ кои зборува и мојата ќерка, која е и албанка… да додадеме уште едно камче на нејзиниот куп.Овие зборови ги кажувам јас, но искуствата се ваши, а јас ви ветувам дека секогаш ќе бидам вашиот глас. Гласен со вас и за вас ќе се борам да бидете на секоја маса каде што се носат одлуки, за вашата финансиска независност и еднаквост во домот.

Ви благодарам. “