ЛОКАЛИЗИРАН Е ПОЖАРОТ ВО ОПШТИНА ЗЕЛЕНИКОВО, ИСФРЛЕНИ СЕ 40 ТОНИ ВОДА

0
322

Денеска (03.10.2023) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар меѓу селата Вражани и Моране, општина Зелениково,го упати хеликоптерот Бел-412ЕП и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран.

Хеликоптерот Бел-412ЕП врз пожарот исфрли над 40 тони вода.