ВИКТОР КАНЗУРОВ: Суштината на договорот меѓу Македонија и Бугарија, е сите историски личности, со потекло од територијата на Македонија, кои имале бугарска свест, вклучувајќи ги и тие, чии имиња се споменуваат во македонската химна, да се престане да бидат прикажувани како небугари и/или антибугари!

0
1797

Примитивни провокации, последица од пропагандата на ДПМНЕ-Ваљево.

Плакатчето е ставено пред паметникот на Методија Андонов Ченто, на главниот скопски плоштад, во центарот на градот. Демек, според СДС на Северна Македонија (и договорите, кои, во својство на партија-предводничка на владата, ги потпиша), овој паметник би станал дел од бугарската историја!?

Суштината на договорот меѓу Македонија и Бугарија, не е ваква, каква што ја претставуваат овие индоктринирани глави-автори на текстот на плакатчето. Бугарија и сите нормални и информирани луѓе, бараат, историските личности, со потекло од територијата на Македонија, кои имале бугарска свест, вклучувајќи ги и тие, чии имиња се споменуваат во македонската химна, да се престане да бидат прикажувани како небугари и/или антибугари.

Тоа е, кратко и јасно! И од тоа, бегање нема да има! Затоа што вистината ќе ја победи лагата.

А, Ченто бил ран македонист, но, од она што се знае за него, неговиот македонизам бил многу поразличен од оној, кој се инсталирал, по неговото елиминирање од власта, непосредно по Втората светска војна.

Не сум некој љубител на таканаречениот СДСМ, ниту на сегашната владејачка гарнитура, но, како споредба, можам да кажам, дека откако е создадена македонската република, со решенијата на АВНОЈ (и на чедото АСНОМ), немало по-антимакедонска партија, од ДПМНЕ-Ваљево, и, немало по-антимакедонска власт, од таа, која управуваше со земјата, од 2006 до 2017 година.

Фејсбук статус на Виктор Канзуров