СДК – СУДИЈКАТАЛИДИЈА ЧАЧЕВА, КОЈА ОДЛУЧУВАЛА ЗА ПРЕДМЕТОТ ,ТВРДИНА – ТАРГЕТ” И ЈА УКИНА ПРЕСУДАТА ЗА МИЈАЛКОВ, СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ПЕНЗИОНИРАЛ УШТЕ НА 7 ДЕКЕМВРИ

0
580

Чачева уште пред 9 дена частела на работа за пензионирањето. (Фото: Принтскрин од сајтот на Судски Совет) Судијката Лидија Чачева, една од петте судии кои ја донеле одлуката на Апелациониот суд Скопје за укинување на пресудата на Сашо Мијалков, Горан Грујевски, Никола Бошкоски, Гордана Јанкулоска и другите за масовното прислушување во предметот „Тврдина-Таргет“, е во пензија уште од седми декември, според објавата на одлуката на Судскиот совет од тој датум на официјалнот вебсајт.Во соопштението за седницата на 7 декември на веб страната на Судскиот совет стои: „Донесени се одлуки за престанок на судиска функција на судии поради исполнување на услови за старосна пензија:

Виолета Поповска, судија на Апелационен суд Скопје

Лидија Чачева, судија на Апелационен суд Скопје
Славица Тоиќ, судија на Основен суд Тетово и
Лилјана Јанкова, судија на Основен суд Штип“.

Чачева по пензионирањето честела на работа, што значи дека таа е во пензија една недела пред Апелациониот суд Скопје денеска да соопшти дека таа одлучувала за предметот „Тврдина-Таргет“, што се однесуваше на незаконското следење на над 4.000 телефонски броеви без судски наредби со кое биле опфатени околу 20.000 граѓани, со која апелациска судска одлука ова судење се враќа на почеток во Основниот кривичен суд Скопје. За незаконското масовно прислушување Мијалков во Основниот кривичен суд беше осуден на 12 години затвор, а Грујевски и Бошкоски на по 15 години. Гордана Јанкулоска беше осудена на 4 години затвор.