СТАТИВА, ЗА МАЛЦЕ: ВМРОВЦИТЕ УСПЕАЈА ДА ВНЕСАТ ВО ИЗВРШЕН КОМИТЕТ ЧОВЕК СО ПРЕЗИМЕ РЕЏЕПИ, АМА ЧОВЕКОТ НЕ Е АЛБАНЕЦ, ТУКУ МАКЕДОНЕЦ МУСЛИМАН ОД МАВРОВСКО СКУДРИЊЕ

0
842

Во новиот состав на ИК на ВМРО ДПМНЕ влегува човек што се вика Мевмед Реџепи. Некои неупатени ќе мислат дека ВМРО одлучило да се реформира и да се отвори кон Албанците како што тоа го направи СДСМ пред 6 години на чело со Заев, и да внесе еден од КЛЕТИТЕ ШИПТАРИ како што ВМРОВЦИТЕ уште на стадиони и во приватен муабет ги нарекуваат Албанците во нашата земја. Ама за жал не! Се работи за македонец муслиман од мавровското село Скудриње каде жителите имаат албански презимиња но се сепак Македонци со исламска вероисповест. Луѓето не само што не знаат Албански, туку го зборат и најчистиот македонски јазик, уште користат зборови како ГАЛИБА, СПОЛАЈТИ, БЕЛКИМ итн како во македонските народни приказни со Колозови.

Што би се рекло, СТАТИВА, ЗА МАЛЦЕ! Уште не се нашол таков Албанец кој е при здрава свест кој ќе стане висок функционер на партија која ветува дека ќе го укине рамковниот договор, договорот од Преспа и договорот со Бугарија.

Некои би рекле пак дека се работи за добар итар ПР потег на ВМРО, ем ќе лажат дека имаат човек со презиме Реџепи на висока партиска функција, па некој Албанец ќе се излаже дека оваа партија се реформирала, ем клетите Шиптари подалеку од партиј ако се бунат Миленковци и останати окорели ВМРОВЦИ, значи две во едно…