НОВА: Во игра и малцинска влада на СДСМ со потписи од ДУИ

0
1460

На денешниот состанок на претседателството на партијата ДУИ, ќе се разговара за тоа дали тие да ја поддржат владата од опозиција или пак да бидат дел од неа, дознава НОВА од извори во оваа партија.

Според нашите извори, во 13:30 на состанокот на ДУИ ќе се разгледуваат две опции: првата е тие да ја подржат владата на Зоран Заев и законот за употреба на јазици кој е договорен, но да останат во опозиција, односно да немаат учество во владата.

Втората опција пак е целосно да ја подржат владата и да бидат дел од неа.

Преку ова сценарио, ДУИ би се обиделе да ги „задоволат“ и двете македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски неодамна изјави дека ако ДУИ не го почитува принципот кој досега важел во составувањето коалиција за „победник со победник“, тогаш тие во иднина ќе постапуваат поинаку со неодамнешниот стар коалициски партнер. Од друга страна пак, со давање на потписите на СДСМ, тие не би го кочеле составувањето на нова влада, но нема да бидат нивни коалициски партнери.

 

Извор и повеќе за оваа сторија ќе може да прочитате на НоваТВ