(ВИДЕО) Facebook воведе пребарување на сите јавни објави на социјалната мрежа

0
1252

Како дел од стратегијата да бидат главната интернет дестинација на корисниците, Facebook изминатиот период почна да ја унапредува и функцијата за пребарување, покрај другото. Пребарувањето на оваа социјална мрежа, веќе одамна не е место на кое што одите за да побарате некој пријател и слично.

facebook-search-1

Сигурно голем дел од нас веќе ја користат лентата за пребарување за пронаоѓање на одредени објави, настани и слично од пријателите и страните кои што ги следиме. Тоа како можност Facebook го воведе пред одреден период, па го најави влегувањето во водите на Google.

Од оваа недела, Facebook може да се каже дека станува сериозна конкуренција на Google. Тоа е така зошто содржината на интернет се повеќе се објавува на Facebook, а огромен е и бројот на споделена содржина на оваа социјална мрежа од други извори.

Според Facebook, тие до сега имаат индексирано повеќе од 3 трилиони објави на мрежата, составени од објавите на корисниците, како и страните од компаниите, содржина која што од оваа недела може да биде пребарувана.

Ова значи дека сега доколку ве интересира нешто од одредена тема, нема да мора да одите и тоа да го побарате на Google, односно истото ќе може да го направите на Facebook. Се разбира, ова ќе биде погодно за одредени работи, сепак Google ќе остане главното место за голем дел од пребарувањата.

search_large

Целата јавно објавена содржина на Facebook, сега ќе може да биде пребарувана. Тоа значи дека ќе треба да внимавате кога објавувате нешто, дали би сакале некој да може да го види, освен вашите пријатели. Се разбира, доколку тоа што го објавувате е наместено да биде само за вашите пријатели, истото нема да биде дел од индексирањето за јавното пребарување.

Ова ќе значи зголемување на важноста на и така веќе доста важната социјална мрежа. Покрај на Google, ова претставува и сериозна конкуренција на Twitter, со можноста корисниците да ги видат објавите кои што корисниците од светот и страните го објавуваат за одредена тема.

Пребарувањето за почеток е овозможено само за корисниците кои што го користат Facebook на англиски јазик, односно English US. Со тек на време, исто како и со досегашните функции за пребарување, ќе биде пуштена и оваа функција за сите јазици на мрежата.