ФРЧКОСКИ ВО УТРИНСКИ БРИФИНГ : ОБИДОТ СОБРАНИЕТО ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Е РЕЦЕПТ ЗА ПРОПАСТ, ТОА ЌЕ СТАНЕ ПОЛИТИЧКИ ЦИРКУС

0
704

– Владата не треба да ја споделува одговорноста со собранието за преговорите со Бугарија, тоа е бегање од одговорност, се знае кој ги тера политиките кој одлучува и кој ја носи одговорноста, тоа е владата, затоа добиле власт. Собранието е тука сето тоа на крај да го овери, обидот сега во оваа фаза да се вклучи собранието е рецепт за пропаст, тоа ќе направи од процесот цикрус, ќе има националистички говори и забегувања, нема шанси тоа да заврши добро, СДСМ и ДУи треба да тераат како за договорот од Преспа, значи преговараш, доаѓаш до решение, ја преземаш одговорноста и одиш на гласање во собрание, да го вклучеа собранието пред тоа во раните фази немаше да има ни договор ни бутур!

Професорот Љубомир Фрчковски на Утрински Брифинг на Слободна ТВ.