(ВИДЕО) ЗАЕВ ВО ИЛОВИЦА: МОИТЕ ДЕЦА ЖИВЕАТ ВО СТРУМИЦА И САКАМ ТАМУ ВНУЦИ ДА ЧЕКАМ, ЗАТОА РУДНИК ВО ИЛОВИЦА ЌЕ ИМА САМО АКО НЕ Е ОПАСНОСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ!

0
1349

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков синоќа остварија информативна средба  со граѓаните од Штука, Иловица и од општина Босилово на која ги слушнаа спротивставените мислењa, дилеми, предлози и сугестии и ги споделија со нив фактите и аргументите поврзани со одлуките кои треба да се носат за рудникот за бакар и злато.

„Во едни такви околности Еуромакс имаат добиено договор за концесија во 2014 и 2015 година. Тогаш немаше ниту галама ниту реакција. И впрочем бевме сите среќни. Дури и јас како градоначалник на општина Струмица ја поздравив инвестицијата. Кога се отворија постапките се отворија и дебатите.

Видовме дека внатре пишува цијанид, технолошкиот процес го видовме, начините како е организирано, немање на студија за заштита на животната средина. Се дигнаа граѓаните и нивните репрезенти „Здрава котлина“ и другите еколошки друштва го дигнаа својот глас. Се сменија и политичките околности во државата, дојде демократија, можат сите слободно да зборуваат и тоа е убавината на демократските општества. Но треба да ја знаеме целата вистина“ посочи премиерот Заев.