СКАНДАЛОТ „ОНИШЧЕНКО“ ВО ЗАБОРАВ – НОВИОТ ДИРЕКТОР ГИ УНАПРЕДУВА ОДГОВОРНИТЕ ЗА ДРЖАВЈАНСТВОТО НА „ЕКВЕСТРИЈАН“ ЈАВАЧОТ

0
533

Си го предадоа директорското столче во АНБ, но не одговорија кој и како ќе одговара за издавањето на државјанство на конторверзниот украинец Онишченко. Ексдиректорот на тајната служба Виктор Димовски чека пас од владата дали ќе стане предлог за амбасадор во Париз, а неговиот следбеник во службата и по 45 дена од фирмирањето на дисциплинската комисија нема одлука застана истрагата за еквестријан државјанството на Онишченко и кој че биде казнет за пропустите за кои и давјцата директори гласно укажаа. Ваков извештај нема и на денешната владина седница.

Но, затоа извори од АНБ за Телма потврдуваат дека дел од директно одговорните за пропустите во постапката за добивањето зелено светло за државјанство на украинецот Олександар Онишченко сега напредуваат во кариерата. Новиот директор Зарко Милошевски ја поништил суспензијата за Габриела Ѓошевска – Јаковлевска и Бобан МАрку од секторот за Меѓунардона соработка и ги унапредил, Ѓошевска во помошник директор на секторот за Меѓународна соработка, а Марку во началник на сектор за контраразузнавање.

За Телма од АНБ нема официјална потврда за унапредувањата кои неофицјално засега ги примиле посочените пред 4 дена. И самиот директор Милошевски доаѓа од нивниот сектор, но тој не беше опфатен со дициплинската постапка која ја отвори ексдиректорот Димовски иако Милошевски во тој момент е помошник директор во одделот за безбдносни проверки.