ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ГЕРМАНИЈА, ШТАЈНМАЕР СЕ ВАКЦИНИРАШЕ СО АСТРА ЗЕНЕКА

0
878

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер (65) денеска ја прими првата доза вакцина Астра Зенека.

“Верувам во вакцините кои се одобрени  во Германија. Вакцинацијата е клучна за излез од пандемијата. Искористете ги можностите што ви се даваат” – се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

Германските здравствени власти во вторникот одлучија вакцината на Астра Зенека да не ја даваат на лица помлади од 60 години.