ДРОГА ВО СКОПСКА ПРОДАВНИЦА ЗА МИЛЕНИЦИ – НАЈДЕНИ СЕ 85 ТАБЛЕТИ

0
497

Полицијата извршила претрес во просториите на продавница за миленици во Скопје и нашла 85 таблети со психтропна супстанца.

На 3 февруари, осомничениот неовластено му продал на еден сведок 0,53 грама 3,4-метилен-диоксиметафетамин (МДМА). Полициски службеници веднаш потоа извршиле претрес во простории на продавница за производи за домашни миленици во Скопје што ги користел осомничениот, па таму пронашле вкупно 85 таблети од таа психотропна супстанција наменети за неовластена продажба.

Освен ова, биле откриени и дополнителни 24,09 грама МДМА во прашкаста форма, 11,4 грама амфетамин, како и 90,68 грама марихуана. При претресот биле одземени и две дигитални ваги на кои се регистрирани траги од МДМА, кокаин и тетрахидроканабинол.