СДСМ : ДЕБАКЛ НА ВМРО-ДПМНЕ И МИЦКОСКИ, СИТЕ НИВНИ ЛАГИ СЕ ПОТОПЕНИ

0
1432
Дебакл доживеаја лажните вести и дезинформации пласирани од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводно бришење или менување на историјата се потопени.
Нема никаква асимилација, нема никаква бугаризација со кој ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги лажеше граѓаните, затоа денеска се нервозни во белиот дворец, затоа што не им успеа да го излажат народот.
Препораките на Комисијата се на принцип на реципроцитет и тие не задираат во идентитетот и тоа не може да го промени ниту една лага, ниту едно нервозно соопштение од белиот дворец.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа и останаа на спротивната страна од државните и националните интереси.