ПО ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ ВО ЗОО СКОПЈЕ СЕ РОДИЈА ТРИ ЛАВЧИЊА

0
489

По повеќе од 20 години во скопската Зоолошката
градина се родија три лавчиња, соопшти прес-службата на Град Скопје.

„Лавчињата се стари само неколку дена, а посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште“, истакна директорот на Зоолошката градина – Скопје,
Кристијан Стаменов.

Градот Скопје ги известува сите љубители на животни и посетители на ЗОО –Скопје, дека во идниот период ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња.