СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е 36-ТА НАЈБЕЗБЕДНА ДРЖАВА ВО СВЕТОТ, ЗА 5 ГОДИНИ СКОК ОД 67 МЕСТА!

0
516

Институтот за економија и мир секоја година прави листа на најбезбедни и најмирољубиви држави во светот… На тој Глобален индекс на мир (GPI – Global Peace Index), почнувајќи од 2017 година, нашата држава напредува секоја година… На листата на држави од Западен Балкан стоиме најдобро, а во однос на државите од екс Југославија од нас се подобри само Словенија и Хрватска…

Македонија е во групата држави со т.н. ‘Високо ниво на безбедност’… Еве како одел прогресот на Македонија во последниве шест години:

2017 – 103, 2018 – 87, 2019 – 65, 2020 – 62, 2021 – 40, 2022 – 36

За најбезбедна држава во светот се смета Исланд, а на последните три места на оваа листа од 163 држави се Сирија, Јемен и Авганистан… Кина се наоѓа на 89-тото место, САД се на 129-то, а Русија на 160-то место!