Фрчкоски и Бојчев за „Преговорите и техниките на преговарање“

0
943

бојцев-фрцкоски-540x175

Денеска, на правниот факултет „Јустинијан Први“ дипоматскиот клуб на Министерството за надворешни работи одржа дебата на тема „Преговори и техники на преговарање“ на која учествуваа поранешниот министер за надворешни работи, професорот Љубомир Фрчкоски и дипломатот Душан Бојчев.

Дебатата одбележа и 65 години од основањето на правниот факултет „Јустинијан Први “.

Професорот Фрчкоски ги спомена клучните изворишта на дипломатскиот капацитет и наворешната политика на малите држави како што се геостратешката поставеност на земјата внатрешната политика (која има над 80% влијание на надворешниот рејтинг на земјата )  и одговорни политички елити чија одговорност е конципирање на професионалниот дипломатски сервис.

Професорот ги изложи техниките на проговорите во македонско-грчките односи и нивната еволуција до ден денес.
Фрчкоски говореше и за стратешките цели на една земја и објасни дека тие  ги опфаќаат соседите и стратешките партнери од големите сили.

Во ваквот контекст истакна дека круцијален за нас е влезот во НАТО алијансата (дури поважен од ЕУ)

-Тоа за нас претставува директно релаксирање на меѓуетничките односи. Заради тоа НАТО за нас е приротет  – истакна тој. И додаде дека прашањата за мисиите во Авганистан и Иран не се небитни , но во овој контест се маргинални прашања.

Дипломатот Душан Бојчев изнесе статистики за капацитетите и техниките на преговарање на малите држави (истакна дека постои значајни разлики во термините мали и слаби држави, во смисла на нивните дипломатски релации)

Бојчев исто така проговори за преговорите во македонско-грчките односи и истакна дека со антиквизацијата позицијата на Македонија значително се влошила.