АРТАН ГРУБИ СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАСЛЕДНИК НА АЛИ АХМЕТИ ВО ДУИ, ЛИДЕРОТ НА ДУИ МУ СТАНА КУМ!

0
1918
Една од најважните работи во политиката е умилкувањето кон лидерот со цел подобра позиција во идните кадровски поделби, и се чини Артан Груби е ненадминат во ДУИ, за неколку години тој влезе во ДУИ, му стана шеф на кабинет на Ахмети а сега и се кумосаа.
Ахмети со муслимански обичаи го именуваше синот на Груби, Епир, а за ова лично на својот Фејсбук статус се пофали пратеникот. Тој во постот напиша:
– Денес Епир наполни две години и моето семејство е почестено што токму на неговиот втор роденден една од најценетите личности, Али Ахмети, стана негов кум.

Со ова Артан Груби се повеќе се наметнува како наследник на Ахмети во ДУИ, иако и Бујар Османи е голем идолопоклоник на Ахмети и се чини најдобро го брани во јавни настапи.