Смртни закани упатени до уредникот на Плусинфо и Слободен Печат, Бранко Героски!

0
1094

Новинарот Бранко Геровски на својот фејсбук профил ја информираше јавноста дека добива смртни закани.

-Бидејќи патувам и не сум во состојба случајот да го пријавам во МВР, сакам на овој начин да известам дека во последните два часа добивам смртни закани по и-мејл, од лице кое се претставува како Јусуф Гулевски. Заканите стасуваат од и-мејл адресата [email protected]. Не очекувам некој да преземе нешто, но ете, нека остане запишано…- напиша Геровски.