Командантот Хоџа стана советник за безбедност на премиерот Заев

0
1451

Еден од командантите на ОНА во конфликтот со македонските безбедносни сили во 2001 година, Џезаир Шакири Хоџа, стана „командант во Владата“, пишуваат негови поддржувачи и пријатели на ФБ. Повеќемина ја објавија фотографијата како излегува од зградата на Владата држејќи во рака жолт плик. И порталот Журнал објави дека поранешниот пратеник Џезаир Шакири, познат како командант Хоџа од воениот конфликт во 2001 година, станал советник за безбедност во кабинетот на премиерот Зоран Заев.

„По многу жртви за време на конфликтот во 2001 година и по многу предизвици со кои се соочил по конфликтот, Џезаир Шакири праведно заслужи награда. Командантот Хоџа сега е Командант на Владата. Слуга на народот и граѓаните на Македонија. Мојот сакан пријател конечно ја освои последната битка против диктатурата на Никола Груевски и благодарејќи  на моите двајца пријатели, Зоран Заев и Џеват Исени, ја доби наградата и заслужената работа. Во оваа влада, тие ги поставуваат луѓето што заслужуваат“, пишува на својот ФБ профил, Хади Османи од СДСМ, кој беше кандидат за градоначалник на Липково.

Џевад Исени, претседател на УО на ПУИГ, пишува:

„Не ја изневери крвта на паднатите борци, не го изневери даденото ветување. Денес предавниците треба да се соочаат со вас, очи во очи, и во владините институции. Командант Џезаир Шаќири Хоџа, се гордееме со вас“, пишува Исени на ФБ.

Командант Хоџа, во 2015 година по вооружениот конфликт во Куманово меѓу терористичка група од Косово и македонската полиција, при што загинаа 8 полицајци, изјави за медиум во Косово дека тајните служби на Македонија со месеци пред полициската акција биле во постојан контакт со вооружената група. Според него, тоа го правел агент на Агенцијата за државна безбедност што е под надлежност на шефот на државата.

Тој во 2001 година „оперираше“ во Танушевци, а ги раководеше и припадниците на УЧК во Арачиново, кои беа извлечени во меѓународна интервенција.

И самиот Шакири на фејсбук ја потврди веста: