МИЦКОСКИ ДО ГРУЕВСКИ : НИКОЛА, ШТО ИМАШЕ НА ТАЈНОТО УСБ?

0
738

Кога зборувам за тајни средби го кажувам тоа што го кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој самиот кажа дека имале многу тајни средби со Никола Груевски и Зоран Заев. Потоа потрчаа двајцата да кажат дека не било така, а од ДУИ кажаа дека тоа не биле тајни средби туку средби за Пржинскиот процес, но не се сеќавам дека тогаш се разговараше за членот 353 став 5 или за останатите членови или за измените во Кривичниот законик, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, говорејќи за ситуацијата со експремиерот Никола Груевски во интервју за Алсат-М истакна дека Груевски сега се прави дека ништо не знае, но дека сепак има докази за оската со ДУИ и СДС, а воедно, како што порача, добро би било да се проговори за поделените УСБ и документи.

– Има некои луѓе и политичари кои секогаш се прават дека се отсутни од времето. И понекогаш се обидуваат поради својата голема фрустрација и самобендисаност да ги навредуваат останатите и тоа го прават на примитивен начин. Тоа што имав да го кажам за оската Али Ахмети, делови од структурата на СДС и Никола Груевски го кажав јасно и гласно. Кажав кои се причините зошто тоа го кажувам – изјави Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека тоа што го објавил се должи на една голема анализа, информации и многу докази кои веќе неколку месеци пристигнуваат и до него и до ВМРО-ДПМНЕ.

– Суштината е што е тоа што го натерало Груевски да оди на тие тајни средби во минатото и што е тоа што го натерало да влезе и биде дел од оваа оска која ја предводи Али Ахмети, структура од СДС и Никола Груевски. Што е тоа кое денеска толку го фрустрира и мора ги пишува тие статуси со многу омраза и гнев? Мојата порака е нека е жив и здрав и втората моја порака е „не им правете на луѓето тоа што не скаате луѓето вас да ви прават” – рече Мицкоски.Мицкоски додаде дека кога сме кај доказите, напишал во неговиот единствен статус за писанијата на Груевски, а тоа е дека ќе дојде денот кога очи во очи ќе се гледаат и ќе зборуваат и за доказите и за се што се случуваше изминатите години.

– Кога зборувам за тајни средби го кажувам тоа што го кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој самиот кажа дека имале многу тајни средби со Никола Груевски и Зоран Заев. Потоа потрчаа двајцата да кажат дека не било така, а од ДУИ кажаа дека тоа не биле тајни средби туку средби за Пржинскиот процес, но не се сеќавам дека тогаш се разговараше за членот 353 став 5 или за останатите членови или за измените во Кривичниот законик. Можеби треба да им се освежи меморијата и за пликоата кои ги добиваа со едно УСБ и Али Ахмети и Талат Џафери во 2022 година пролетта, што имаше во тоа УСБ и кои беа документите кои беа дел од тоа – нагласи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на денешната негова средба со Гордана Јанкуловска.

– Тоа е редовна средба која што е со драг пријател, којшто долго време е таму каде што е. И ценам дека од средбата не треба да се гледа каква е пораката, туку треба да се каже дека никој не е заборавен – истакна тој.Мицкоски додаде дека Гордана Јанкуловска е жртва на еден политички прогон и тортура којашто ѝ се прави веќе три години.

– Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ се грижи буквално за секој еден лојален член, за секој еден член кој што оставил неизбришлива трага во работењето на партијата. И ценам дека Гордана Јанкуловска е жртва на еден политички прогон и тортура која што и се прави еве веќе цели три години – нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.Тој посочи дека средбата беше денеска бидејќи Гордана Јанкуловска денес добила слободен викенд.
– Таа денеска доби право да користи викенд, и таа го користи. И нема друга некоја посебна причина – рече тој.