ИВЗ ПО УПАДОТ НА ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА: Да се опаметат политичарите, да не завршат како тој што избега во Унгарија, само муфтиите бираат кој ќе биде поглавар, не политичарите!

0
938

Претставникот на Исламската верска заедница денеска пред медиумите упадот во заедницата им го препиша на политичарите, откако финансиска полиција упадна во седиштето и имаше присусутво на фракционерската група на Скендер Бузаку, кој доби судското решение дека тој треба да биде новиот Реис Улема,

Од ИВЗ рекоа дека Сулејман Реџепи останува поглавар на ИВЗ и понатаму и дека Ријасетот (собранието) тоа ќе го потврди со гласање на сите муфтии од Македонија.

– Не може држава да одлучува кој е Реис Улема  Тоа е независна институција. Вакви скандалозни одлуки има само во „Дивиот запад“ и во “држава во која не функционира правниот систем“. Ги повика политичарите да се опаметат, ако не, ќе отидат како тој што избега во Унгарија – рече претставникот на ИВЗ.