(ВИДЕО) Илија Јованоски : Обезбедуваме повеќе пари и повисоки плати за граѓаните на Прилеп

0
1591

Прес конференција на Илија Јованоски, кандидат за градоначалник на СДСМ

Почитувани сограѓани,

Обезбедуваме повеќе пари за општина Прилеп, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на локално ниво.

Локалната економија и новите работни места се нашиот фокус.

Како нова локална власт, ќе ги поддржиме малите стартап компании на кои бесплатно ќе им остапуваме простор и услови за вршење на својата дејност. Со тоа, ќе им помогнеме на сите кои сакаат да започнат сопствен бизнис, особено на младите стручни кадри кои сакаат да работат и да живеат во Прилеп.

Во соработка со Владата предводена од СДСМ, ќе изработиме акциски план за итно привлекување на домашни и странски инвеститори во Прилеп за кои ќе има исти услови за инвестирање.

Ќе оформиме нов сектор во Локалната самоуправа кој ќе биде задолжен за истражување на можностите за економско искористување на суровините со кои располага Прилеп.

Создаваме услови за нови преработувачки капацитети од мермерната индустрија, затоа што мермерот е најголем ресурс и потенцијал за развој на Прилеп.

Сите традиционални занаети во Прилеп, ќе ги поддржиме со финансии и друга логистика.

Ќе посредуваме за извоз на нови пазари на сите преработувачки капацитети од општината.

Ние ја активираме спиралата на покачување на платите, преку директна поддршка на домашните фирми, пред се за малите и средните претпријатија.

Почитувани сограѓани,

На 15 октомври Марјан Ристески ќе биде казнет за лагите за 37 фабрики во слободната економска зона Алинци. И за сите други лаги за нови инвестиции во Прилеп.

Доаѓа нова одговорна и домаќинска власт, за живот во Прилеп за сите!