УБАВИ ВЕСТИ ЗА СКОПЈАНИ : НЕМА ПРОМЕНА ВО ЦЕНИТЕ НА УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИ ЈП ,,ГРАДСКИ ПАРКИНГ” СКОПЈЕ

0
417

Почитувани,

Изминатиов период ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, се соочува со прашања од корисници поврзани со шпекулации за наводна промена на цените на услугите што ги нуди препријатието. Поради ова, ја известуваме јавноста, дека цените на услугите што ги нуди претпријатието, по сите основи, остануваат непроменити и се согласно „Ценовникот на услуги на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Потенцираме дека за секоја промена претпријатието навремено ќе ја извести јавноста, а во моментов цените на услугите на пајак службата се непроменети и изнесуваат:
– 2500 денари – подигнување и пренос на возило до „Депо Пајак“ по налог на овластено лице,
– 3500 денари – подигнување на возило од зелена површина,
– 1500 денари – подигнување на непрописно паркирано возило по налог на овластено лице, кога сопственикот се појавува на лице место и самостојно го отстранува,
– 1000 денари – повик од трето лице за транспорт на 1-10 возила и
– 800 денари – повик од трето лице за транспорт на повеќе од 10 возила.

Апелираме до граѓаните и корисниците на нашите услуги да не обраќаат внимание на ваквите шпекулации и за сите прашања слободно да се обратат до службите на претпријатието.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје
5 октомври, 2022