ЗЕЧЕВИЌ ОД ОХРИД : АМАНЕТОТ НА НОБ ПОВИКУВА НА СЕМАКЕДОНСКО ОБЕДИНУВАЊЕ ОКОЛУ ЕВРОПСКИОТ ПРАВЕЦ

0
571

Аманетот на борците од НОБ, нивната саможртва за слободна македонска држава, повикува на семакедонско обединување околу нашата последна политичка битка, полноправно членство во ЕУ, порача генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на средба со членовите и симпатизерите на партија во Охрид.

-За време на НОБ овде беа создадени првите партизански единици, беше првата слободна територија. Охрид, Охридско, славна Дебарца најдобро знаат што значи храброст и саможртва за татковината и за подобро утре на следните македонски генерации. Аманетот на нашите предци, нашите херои од НОБ, не само од овој крај, кои се вложија за слободна македонска држава е аманет и за сегашните генерации, за семакедонско обединување околу европскиот правец. Затоа што тоа е правец за сигурна македонска иднина, рамноправни, горди, признаени и потврдени еднаш засекогаш во големото семејство на европски народи, рече Зечевиќ.

СДСМ е повторно на победничките патеки а масовното присуство на трибините „Силно и одлучно кон иднината„ испраќаат порака за поддршка на државничките политики на партијата, додаде Зечевиќ.