БЕЈЛИ НА ТВИТЕР МУ ГО НАТВИТА НА РЕЖИМСКОТО КУРТОНЧЕ ЧИЛИМАНОВ : Американските телевизии емитуваат и ставови кои се разликуваат од нивната уредувачка политика

0
2253

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, преку својот Твитер профил му одговори на новинарот Цветин Чилиманов, член на Ад-хок телото за медиуми.

Чилиманов во интервју за Дневник упати критики до Амбасадата на САД велејќи дека САД му оделе на Заев по ќеифот, наместо да кажеле дека, како што ја нарекува, цензорска комисија е ненормална работа.

bejli-640x426

„Во САД медиумите се дерегулирани и слободно постапуваат во согласност со нивната уредувачка политика. Во САД не постои изборен молк. Не постои концептот на мерење на пристрасност на медиумот. Ако сакаш да бидеш Трамповизија, тоа е твое право. Ако си решил да правиш Kлинтон ТВ -нок јорселф аут (те молам почни да го правиш тоа). Ако лажеш, нормално, ќе те тужат, но с` додека ја кажуваш вистината, единственото регулаторно тело е далечинскиот управувач на граѓаните кои решаваат дали ќе губат време на тебе или не – рече Чилиманов за „Дневник“.

Ова се одговорите на Бејли до Чилиманов:

„Тврдењето дека американската влада или јас поддржуваме цензура во Македонија е едноставно неточно. Се согласувам со Чилиманов дека кога постои плурализам, гледачите може да „гласаат“ преку менување канали. Американските ТВ станици емитуваат ставови кои се разликуваат од нивната уредувачка политика/перспектива. Многу американски медиумски организации исто така имаат омбдусман/јавен уредник за да задржат чесно и искрено изразување. Кандидатите за изборите во САД учествуваат во телевизиски дебати. Се надевам дека такви ќе има и овде. Се надевам дека македонските граѓани ќе ги судат своите медиуми со критични очи и ќе гледаат различни перспективи“, напиша Бејли во серијалот твитови.