СДСМ : КОГА НЕМАЛО КРИЗА МИЦКОСКИ КАКО ДИРЕКТОР НА ЕЛМ КУПУВАЛ 3 ПАТИ ПОСКАПА СТРУЈА

0
581
Христијан Мицкоски како најнеуспешниот директор на АД ЕСМ и советник на Груевски за енергетика, купувал електрична енергија по три пати повисока цена.
Во време кога немаше никаква криза, Мицкоски, како директор, купувал електрична енергија по цена од 250е/MWh, а тогаш струјата се продаваше по 70е/MWh.
Цената на струјата во времето на Мицкоски се зголеми за 100 проценти и кога тој беше директор и советник, немаше инвестиции во енергетски капацитети, туку неразумни и непродуктивни вложувања.
Додека Владата предводена од СДСМ презема мерки за справување со енергетската криза, со активирање на сите расположливи капацитети и субвенционирање на цената на струјата за граѓаните, Мицкоски шири невистини и ништо друго.