ОСМАНИ БАРА ОД ДИМИТРОВ ДА БИДЕ ФЕР И ДА ГО ЗАДРЖИ НИВОТО

0
949

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку статус на Фејсбук му одговори на вицепремиерот за интеграции во заминување, Никола Димитров на прозивките дека тој по секоја цена сака да се реши спорот со Бугарија.

Османи вели дека неговите лични позиции, како Министер за надворешни работи и како човек апсолутно соодветствуваат со државните позиции кои како Влада активно ги застапуваат, и тоа: и кога заеднички ги граделе државните интереси при создавањето на Договорот од Преспа; и кога заеднички го создавале Договорот за пријателство со Бугарија; а и сега, кога повторно разговараат за надминување на разликите со нашите соседи.

-Пред нас во формирање е еден нов политички моментум создаден преку новите мандати на Владите во двете земји. Граѓаните очекуваат од нас да ја искористиме оваа нова политичка иницијатива за да ја зајакнеме довербата меѓу двете Влади и меѓу двете држави. За оваа и јас лично, но и Министерството за надворешни работи, е во постојана комуникација и со Работната група во Владата, и со актуелниот Премиер, а консултациите правиме и со новиот Мандатар кој очекуваме наскоро да ја преземе функцијата.

Резултат на оваа активност е веќе договорената посета на високата владина делегација предводена од Премиерот Петков на Скопје на 18 јануари, а во постојана комуникација со нашите колеги од Бугарија, веќе работиме да постигнеме согласност за одржување и на заедничка седница на двете Влади само една недела подоцна, или на 25 јануари, вели Османи.