(ВИДЕО) Богоев: Екстерно тестирање да нема од оваа учебна година, поднесуваме иницијатива во Парламентот!

0
1561

Прес конференција,
Стефан Богоев, претседател на СДММ и пратеник во Собрание на РМ
Скопје, 18.05.2017

Почитувани ученици, родители, наставници, и граѓани,

Пратениците на СДСМ денеска ќе ги достават до Парламентот предлог измените на законите за основно и средно образование што се однесуваат на укинување на екстерното тестирање.

Очекуваме по скратена постапка да се донесат законските измени и уште од оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование.

Ветивме дека меѓу првите наши приоритети ќе биде укинувањето на штетниот таканарен проект екстерното тестирање што предизвика трауми кај учениците, стресови кај родителите, казни за наставниците.

Сакаме да ги заштитите учениците, родителите, наставниците и професорите уште оваа година, да не треба да поминуваат низ голготата низ којашто поминуваат години наназад.

Овој таканаречен проект даде негативни резултати, наместо да влијае на подобрување на образовниот процес.

Обратно од се ова, новата Влада и новото парламентарно мнозинство се цврсто определени да работат на решенија што ќе придонесуваат за квалитетно образование од коешто ќе излегуваат оспособени и стручни кадри.

Ќе работиме, како што ветивме, не преку казни, туку по принципот на награди. Така ќе ги мотивираме учениците, наставниците и професорите, училиштата, да се заложуваат за резултати во образованието, како важен сегмент преку коишто ќе се развива и општеството во коешто живееме.

Ќе се заложиме да бидат испочитувани парламенатрните процедури и оваа година екстерно тестирање за учениците да нема.

Ги повикувам сите политички партии да го поддржат овој наш предлог во интерес на учениците, наставниците, родителите и граѓаните