СПАСОВСКИ ДОБИ БЛАГОДАРНИЦА ОД СТРАНА НА МИТРОПОЛИТОТ ИЛАРИОН ОД БРЕГАЛНИЧКАТА ЕПАРХИЈА

0
377

Со посебна чест ја примив благодарницата од страна на Митрополитот Иларион од Брегалничката епархија, врачена “за извонредната соработка и посебно укажаната помош во делото на запазувањето на достоинството на нашата света Македонска православна црква – Охридска архиепископија”.

Задоволството е дотолку поголемо што токму оваа генерација архијереи на МПЦ-ОА, со православното свештенство, монаштвото и со православниот народ, преку интензивна комуникација со Вселенската Патријаршија во последните 4 години, во која учествував како претставник на Владата на Северна Македонија, заеднички успеавме да издејствуваме историска одлука и долгоочекувано вековно признание за постоењето на нашата црква и за стекнување на правото за литургиско единство со останатите православни цркви.

Нека е вековита нашата МПЦ – ОА!