СДСМ: Рацете на Груевски и Ставрески и во џебовите на над 27.000 граѓани

0
1407

„Рацете на Груевски и Ставрески не се само во касите на фирмите. Рацете на Груевски и Ставрески се сместија и во џебовите на исцедените граѓани.

На повеќе од 27.000 граѓани им се блокирани трансакционите сметки за радиодифузна такса. Над 27.000 граѓани нема да можат да си ги подигнат скромните плати и пензии, натоварени со кредити.

За да ги одблокираат сметките, ако воопшто можат да ги платат долговите, граѓаните ќе треба да платат дополнителни 1.500 денари на банките.

Арач политиките на Никола Груевски претпразнично им испратија извршители на врата на осиромашените граѓани.

Ова се случува во време кога над 180.000 граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден! Над 500.000 граѓани во Македонија живеат под прагот на сиромаштија!

Ова се вистинските дела на Груевски кои тој ги надградува и проширува и во деновите на неговото заминување.

Граници нема лицемерието на Никола Груевски.

Груевски и Ставрески блокираат граѓани за неплатена радиодифузна такса, а според листата на должници којашто ја објавува УЈП, МТВ должи на државата 1.700.000 евра.

СДСМ, како што најавивме во Програмата, ќе ја укине радиодифузната такса“, се вели во соопштението на СДСМ.