(ВИДЕО) Шекеринска: СДСМ ќе обезбеди 140 милиони евра поддршка за домашните мали и средни претпријатија

0
1002

Tribina_Oh4-685x320Охрид вчера беше домаќин на една од низата трибини коишто СДСМ ги започна низ цела Македонија со цел граѓаните да ги слушнат мерките од Програмата на СДСМ што се решение на проблемите и предизвиците со коишто се соочуваат.

Во секој град, во секое населено место што ќе го посетиме се чувствува новата енергија. Се чувствуваат промените коишто доаѓаат во Македонија, вака заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска ја отвори синоќешната трибина пред преполната сала во Домот на културата во Охрид.

Презентирајќи ги мерките од Програмата, заменик претседателката Шекеринска истакна дека во Македонија е можна поинаква власт.

Власт којашто ќе се грижи за граѓаните и нивните интереси. Власт којашто ќе овозможи подобар живот, повисок стандард и сигурна иднина за младите. Тоа е новата одговорна и транспарентна Влада што ќе ја предводи СДСМ по промените.

-Целта ни е да ја обновиме економијата, да се отворат нови работни места и да ја зголемиме просечната плата на над 29 илјади денари. СДСМ ќе обезбеди 140 милиони евра поддршка за домашните мали и средни претпријатија коишто ќе придонесат за отворање на нови работи места со повисоки плати. Дополнително, значително ќе инвестираме во енергетиката и инфраструктурата. Во програмата предвидуваме 3 милијарди евра инвестиции за инфраструктурни проекти, рече Шекеринска.

Шекеринска потенцираше дека во изминатиот период излезе вистината на виделина и се покажа дека оваа власт е злосторничко здружување коешто 10 години ги краде и лаже граѓаните и нивниот слободен глас.

-Досега, до вчера, во Македонија речиси и да не се случило барање за притвор да не биде одобрено. Затоа Македонија бара правда. Промените во Македонија ќе значат сериозна борба против криминалците. Секој што го прекршил законот ќе одговара. Но, промените ќе значат и враќање на украдените пари назад кон граѓаните, додаде Шекеринска.

Претседателката на комисијата за труд и социјална политика, Мила Царовска, рече дека една од клучните мерки во Програмата на СДСМ е правото на граѓаните на државна социјална пензија.

-Ќе воведеме државна социјална пензија за секое лице над 65 години старост кое во последните 20 години живеело во Македонија, а не ги остварува условите за старосна пензија, рече Царовска.

Претседателката на Комисијата за европски прашања на СДСМ, Лидија Димова, укажа дека оваа власт не ги користи европските пари затоа што знае дека не може да ги краде.

Дарко Давитковски, член на Извршниот одбор на партијата и поранешен претседател на СДММ потенцираше дека по демократските промени, екстерно тестирање кое што предизивкува стрес кај децата, родителите и наставниците ќе биде укинато.

На крајот на трибината Шекеринска порача дека борбата за слобода, демократија и подобар живот на граѓаните продолжува. Промените ќе се случат на следните фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и реформи во медиумите, рече Шекеринска.