СВЕТСКАТА И ЈУНИОРСКА ВЕЛНЕС ШАМПИОНКА МЕРИ АКИЕВСКА НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

0
645

Ми претставува огромна чест и задоволство што токму денеска остварив средба со светската јуниорска и апсолутна сениорска велнес шампионка, Мери Акиевска нашата Кривопаланчанка и нејзиниот тренер Бобан Ѓороски.

На Светското првенство одржано во Санта Сузана (Шпанија) на кое учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи Мери Акиевска беше убедливо најдобра, победувајќи во својата категорија до 163 см висина во јуниорска и сениорска конкуренција.

Честитки за успехот Мери. Како наша сограѓанка во следниот период ние ќе бидеме твојата безрезервна подршка.

Фејсбук статус на градоначалникот на општина Крива Паланка.