ТРАНСПАРЕНТНОСТА МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА, ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА: УЧЕСНИЦИТЕ ВО ИЗБОРИТЕ СЕ ЗАКОНСКИ ОБВРЗАНИ ДО ЧЕТВРТОК ДА ДОСТАВАТ СПЕЦИФИКАЦИЈА НА ПРИХОДИТЕ И РАСХОДИТЕ

0
483

Државниот завод за ревизија (ДЗР) ги известува сите учесници во изборната кампања во вториот круг на гласање дека се должни во рок од 20 дена од денот на настапување на предизборниот молк за вториот круг на гласање т.е. до 18 ноември 2021 година да поднесат Извештај со спецификација на приходите и расходите од трансакциската сметка за изборна кампања согласно член 84б став 1 од Изборниот законик.

“Напоменуваме дека согласно член 177а став 4 од Изборниот законик, Државниот завод за ревизија има надлежност да достави предлог до Државната изборна комисија за донесување на Одлука за забрана (суспензија) на исплатата на надоместокот на трошоците за финансирање на изборната кампања за локалните избори за 2021 година кои се исплаќаат од Буџетот на Република Северна Македонија на учесниците во изборната кампања кои нема да ги испочитуваат одредбите од член 84б став 1 од Изборниот законик односно нема да ги достават горенаведениот извештај во пропишаниот рок и содржина до Државниот завод за ревизија” –  се вели во соопштението од ДЗР.

Пропишана е и глоба во износ од 9000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на политичка партија, коалиција односно независен кандидат ако не поднесат извештај за финансирање на изборната кампања во предвидениот рок.