Браво Мартине, респект! Вака се сака државата и сограѓаните, политичка лекција, од одговорен човек, кому здравјето на секој поединец му е подеднакво важно

0
991

Во најмала рака СРАМОТА од страна на Бране од ОК Вмро-Дпмне со неговата невкусна изјава дека е против полициски час во неколкуте града меѓу кои и нашиот град и како тоа некој намерно го казнува Куманово.

Што сакаш да постигнеш почитуван пријателе, дали со твојот став сакаш да спечалиш ситен политички поен или пак воопшто не ти е грижа за здравјето на кумановци?

Верувај дека ниту еден човек во државата не го посакува полицискиот час како метод за справување со невидливата Корона, ниту Заев, ниту Оливер, ниту Венко ниту јас како кумановец. Препорачаните мерки од Комисијата за здравство се многу побитни за здравјето на граѓаните одколку твоите провоцирачки коментари.
За разлика од вашата политика на топло-ладно и лицемерно fake news однесување кон определен проблем, Владата на РСМ која ја предводи Социјалдемократски Сојуз на Македонија од петни жили дава напори и прави се за да се добие оваа битка.

Како одговорни луѓе спремни сме да ги направиме и непопуларните чекори за спас на секој еден живот. Политички популизам не е решение, почитување на мерките се единствен излез од оваа зло.

До кога ќе продуцирате поделби со тези дека “Липково” е место кое е далеку од нашата реалност и луѓето што живеат таму не се битни. До кога ќе се однесувате раритетно својствено за едно време на РЕЖИМ создаден од твојата политичка партија?
Кога јавно ќе се охрабрите да признаете дека преку Наќе Чулев(Отсјаениот) ги саботирате и бојкотирате мерките на владата(пр.теретана,кафана) и најлошо од се ситуација каде во време на полициски час едноставно полицијата ја нема. Зошто да се има чувство дека полицијата им гледа низ прсти на определени граѓани.

Затоа не се грижите вие за Куманово, недај боже пак да одлучувате за нашиот град.
За крај една убава работа што сакам да те прашам, дали виде дека почнува да се реконструира “Искрин мост” сигурно знаеш дека тоа го работат оние кои го сакаат Куманово.

#ПочитувајМерки
#2метриДистанца
#НосиЗаштитнаМаска
#РедовноМиењеРаце
#ПобедаНадКорона

Фејсбук статус на Мартин Костовски, претседател на ОО СДСМ Куманово.