ЌЕ СЕ ПОТТИКНУВА ЕКОНОМИЈАТА ЗА ПОБРЗО ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД КОРОНА КРИЗАТА, ЗАЕВ: СО РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ГИ СКРАТИМЕ НЕПРОДУКТИВНИТЕ РАСХОДИ

0
691

“Министерот за финансии ги привршува разговорите со сите буџетски корисници. Ќе се крати оттаму од каде е најнеопходно, односно таму каде што се троши најнепродуктивно” – изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Сите пари кои се проектирани ни се важни, но еден дел ќе се крати токму заради тоа што не даваат мултиплицирачки ефекти. Обично тоа се додатоци за плати, купување мебел, репроматеријали, кои може да ги одложат за одредени години, се’ со конечна цел секој пат да го зголемуваат интензитетот на капиталните инвестиции, а и да имаат доволно пари да ја помогнат македонската економија. За дефицитот не знам, ќе соопшти министерот за финансии, затоа што невозможно е некој да каже додека се разговара за ребалансот на Буџетот, но секако дека ќе се држиме согласно нашите фискални стратегии” – рече Заев.