(ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА) СДСМ му начука уште една кривична пријава на Мијалков

0
860

СДСМ до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе кривична пријава против Сашо Мијалков, Директор на УБК, Светлана Костова-судијка во Вишиот управен суд и Хаим Хакијни од Израел, како директно инволвирани во мега корупциски скандал за набавка на опрема од Израел.

silegov-press-540x303

Кривичните дела за коишто е поднесена пријавата се примање поткуп, злоупотреба на службената положба и овластување, како и за кривичното дело давање поткуп.

krivicna-540x304

– Во текот на 2011 година, провоосомничениот Сашо Мијалков преку НН фирма примил провизија од 840.000 евра, 540.000 евра и 200.000 евра како награда за склучување договор за набавка на опрема, по значително повисока цена од реалната. Со тоа Сашо Мијаков, сторил кривично дело примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластување. Второосомничената, Светлана Костова, му помогнала на првоосомничениот и посредувала во врска со плаќањето на наградата и склучувањето на договорот за набавка на опремата. Третоосомничениот го договорил и го извршил плаќањето на наградата со што сторил кривично дело давање поткуп. Со дејствијата на тројцата осомничени била нанесена штета на Буџетот на Република Македонија од големи размери, којашто дополнително терба да се утврди – изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

[youtube height=”500″ width=”600″]https://www.youtube.com/watch?v=ny-MWRQKZtM[/youtube]

По наши сознанија, мислам дека тоа и на јавноста и е познато, а и вам, никој не е повикан да даде каков било исказ или изјава пред Јавното обвинителство во врска со кривични тепријави што ги поднесе СДСМ, изјави денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов по поднесувањето нова кривична поврзана со набавката на опрема од Израел.

– Повеќе од спорно е поведението на Јавното обвинителство имајќи предвид дека од моментот на поднесување на првата кривична пријава, односно од обелоденувањето на скандалот за прислушувањето па наваму, се поминати повеќе од два месеца и никој од пријавените во кривичните пријави коишто ги има поднесе СДСМ, а опфатени се повеќе од 30 лица, не се повикани. Од друга страна, брзањето со светлосна брзина во предметот „Пуч“ дефинитивно го спори легитимитетот и поведението на Јавното обвинителство. Во прилог на денешната нова кривична пријава поднесовме и доказ, снимките. Очекуваме Обвинителството конечно да почне да ја работи работата којашто со закон е определна и да преземе истражни дејствија или предистражни дејствија со коишто ќе се утврди фактичката состојба на кривичната пријава – изјави Шилегов.

Тој нагласи дека досегашното поведение на Јавното обвинителство на Република Македонија не ги храбри.

– Знаете и сами дека поднесовме, сега веќе, преку 30-тина кривични пријави поврзани со доказите и материјалите коишто се предмет на објава од СДСМ, пред јавноста во Република Македонија. Согласно правилата и мислењата на Европскиот суд, не е тоа мислење на СДСМ, кога се во прашање јавните функционери и вршителите на јавни функции, како и снимки коишто не се набавени со посебни истражни мерки, можат и треба да бидат предмет на докажување, односно да бидат употребени како доказ, бидејќи станува збор за заштита на јавниот интерес. Како ќе се постапи Јавното обвинителство, тоа е до него – нагласи Шилегов.