РАБОТНА СРЕДБА НА АНГЕЛОВ СО ПАРТНЕРИТЕ ОД САД ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „РЕГИОНАЛЕН СИСТЕМ ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊ НА БАЛКАНОТ“ ВО ЦУК

0
457
Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, имаше работна средба со партнерите од Соединетите Американски Држави (САД), високи претставници на Шумската служба и од Центарот за катастрофи на Пацификот на САД за реализирање проектни активности во рамки на на проектот „Регионален систем за рано предупредување на Балканот“.

Истовремено во ЦУК се реализира и спроведувањето на Корисничка дводневна обука за подготвеност за катастрофи (DisasterAWARE). Тоа е обука за работа и на дел од субјектите во системот за управување со кризи на нашата држава, со апликацијата за мониторинг на ризици и опасности, рано предупредување и поддршка при донесување одлуки.
Обуката во Република Северна Македонија ја реализираат обучувачи од Шумската служба и од Центарот за катастрофи на Пацификот на САД. Учесници на обуката, покрај од Центарот за управување за кризи, се од Дирекцијата за заштита и спасување, Управата за хидрометеоролошки работи, Агенцијата за катастар на недвижности, Државниот завод за статистика, Геолошкиот завод, Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија