СДСМ најостро и целосно ги демантира објавените невистини од Бранко Геровски, тоа се тенденциозни лажни вести

0
1060
СДСМ најостро и целосно ги демантира објавените невистини од Бранко Геровски во текстот со наслов „Бара ли Заев ЕУ да помогне Мицкоски да се „изолира“ и на неговото место да дојде човек кој ќе биде спаринг-партнер во изборниот ринг?“, објавен на порталот Плусинфо.
Сите наводи во текстот се целосна измислица, класична лажна вест со тенденција да се шири преку мрежите на куририте и да го дезинформира населението.
Објавата на овие невистини е надвор од основните новинарски стандарди за професионално новинарство, за кои знаеме дека новинарот е многу добро запознаен.
Очигледно свесно, пласирани се непроверени информации, без да се праша другата страна што наведува на јасен заклучок за политичката и партиска позадина на оваа објава.
Застапувањето на политичките интереси на ВМРО-ДПМНЕ не смее да бидат врз грбот на граѓаните кои заслужуваат точни и вистинити информации и ништо помалку, ниту пак на штета на професионалното и објективно новинарство.
Ја разбираме паниката во ВМРО-ДПМНЕ и стравот од избори, од нормализација, од нова силна економија, но ваквата црна пропаганда нема да ги спаси од поразот туку само ќе ги потсети граѓаните на едно друго режимско време.