ТАРАВАРИ : УСЛОВОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА СУСПЕНЗИВНИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ Е ВО СПРОТИВНОСТ СО ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА НА ЕУ

0
535

Според него, измените на Уставот треба да стапат во сила најдоцна до моментот на одржување на Втората меѓувладина конференција.

Конечниот став на АА, нагласи Таравари, ќе биде познат до крајот на неделата, кога ќе се состане партиското раководство. Тој смета дека размената меѓу двете најголеми македонски партии со понуди и контрапонуди за гласање на уставните промени, директно влијае и на интересот на Албанците.

– Алијансата за Албанците внимателно ја анализира новонастанатата состојба и до крајот на неделата ќе одржиме состанок на раководството на партијата по што ќе излеземе со усогласен став во партиските органи, рече Таравари на прес-конференција во седиштето на партискиот огранок во Гостивар, чиј повод, како што беше кажано, се средбата и разговорите што ги водат премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Таравари ја поздрави волјата на опозицијата да гласа за измените и оцени дека поставените услови се конфузни и надвор од реалност.