ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕУ : ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ, ЈАСНИ СЕ ЗАКЛУЧОЦИТЕ НА СОВЕТОТ НА ЕУ ОД ЈУЛИ 2022 ГОДИНА

0
599

Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија не сака да коментира детали од разговорот меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но нагласуваат оттаму, заклучоците на Советот од јули 2022 година се јасни.

„За уставните измени, јасни се заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година. Со цел да се заврши оваа фаза на отворање на преговорите за пристап, Советот, исто така, одлучи, како што е наведено во заклучоците на Советот од јули 2022 година, да свика уште една меѓувладина конференција со цел да се претстави рамката за преговори и состојбата на подготвителните работи од страна на Европската комисија и е подготвена да ја одржи без дополнителни одложувања, ниту дополнителна политичка одлука, штом Северна Македонија ќе ја спроведе својата заложба да ги заврши горенаведените уставни измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури“стои во реакцијата на Делегацијата.Што пишува во Протоколот со Бугарија и заклучоците на Советот на ЕУ: Кога треба да стапат на сила уставните измени

Ваквиот став на ЕУ-делегацијата доаѓа по барањето на Мицкоски уставните измени да се усвојат со одложено дејство односно да влезат во сила тогаш кога за Македонија ќе биде донесена одлука да стане членка на ЕУ. Мицкоски овој став првпат го изнесе по лидерската средба со Ковачевски на која зборуваа за уставните измени.