ЈАПОНИЈА ДОНИРАШЕ КАМИОН ЗА КОМУНАЛЕН ОТПАД НА ОПШТИНА МАВРОВО РОСТУШЕ

0
759

Денеска во Ростуше , јапонскиот амбасадор во нашава земја Севада Хиронори присутвуваше на доделувањето на донација од страна на Јапонија – возило за комунален отпад за потребите на општина Маврово – Ростуше . Донацијата е во рамките на проектот ,, Програма за мали грантови за основните потреби на граѓаните , човечката безбедност во локалната самоуправа ,,.

На свеченоста градоначалникот на општината Медат Куртовски се заблагодари на донацијата и нагласи дека од Јапонската амбасада во Скопје до сега се добиени повеке проекти кои се многу битни за подобрувањето на животот на населението во оваа рурална општина . Тој додаде дека до сега Јапонија имаше донации во сферата на здраството и заштитата на животната средина .,, Оваа донација е многу битна за јавното комунално претптијатие ,, изјави директоротна на ЈКП,,Маврово ,, Дијана Давидовски. Таа рече дека возилото за комнален отпад многу ке влијае во подобрувањето на собирањето на отпадот во руралните средини и одржување на животната средина .

Со програмите за мали грантови – GGP , на јапонската амбасада во РС Македонија до сега е обезбедена опрама за 7о училишта и градинкли во земјава , опрема во 57 здраствени установи , доделени се 31 возила за комунален отпад за потребите на 41 општина .