РАМО ДО РАМО ВО СТУДЕНИЧАНИ И КРАТОВО : СДСМ ЈА НАМАЛИ МЛАДИНСКАТА НЕВРАБОТЕНОСТ

0
503

Рамо до рамо со народот денеска во општина Кратово беа членката на ИО на СДСМ Милена Стефановиќ и членот на Извршниот одбор Филип Николовски.

На маалски средби и во разговор со граѓаните се истакна дека СДСМ преку навремените и ефикасни мерки успеа да ја спаси македонската економија во време на најголема економска и енергетска криза.

-Успешно се справивме со последиците од кризата. Додека опозицијата најавуваше рестрикции на струја и недостаток на храна ние работевме и ништо од тоа не се случи. Со најголеми антикризни мерки од 760 милиони евра го заштитивме стандардот на граѓаните и ги помогнавме компаниите. И во време на криза продолжи растот на платите и на пензиите. Најдобар показател за успешноста на економските политики е рекордниот износ на странски директни инвестиции од 760 милиони евра во минатата 2022 година, рече Николовски.

Претседателот на СДММ Марко Михаилоски заедно со Даниела Рендевска беа рамо до рамо со граѓаните на Струденичани.

– СДСМ е предводник на концептот едно општество за сите, но и на концептот на поголемо вклучување на младите во носењето одлуки. Со таргетирани младински политики СДСМ успеа сериозно да ја намали младинската невработеност преку „Гаранција за млади“ а вкупната невработеност во земјата на 14%. Воведовме субвенциониран студентски оброк за секој студент и ги зголемивме постоечките и воведовме нови стипендии за средношколците и студентите. Младите сакаат да бидат дел од Европа и затоа нашата порака е дека ќе направиме се да го продолжиме европскиот пат, истакна Михаилоски.