ПОЛИЦИЈАТА НА НАЌЕ ТОТАЛНО ОДЛЕПИ: Седум полицајци правеле журка во кратовско село, по пријава на мештаните интервенирала и ЕБР од Скопје!

0
2036

Мактел дознава дека синоќа во село Куклица, Кратовско, група полицајци си правеле журка и со тоа направиле кривично дело по член 206 непочитувајќи ги мерките на владата.

Наместо полицајците на Наќе да ги спроведуваат мерките на владата, тие ги кршат пред очите на јавноста. Дознаваме дека на забавата имало 7 полицајци и уште неколку граѓани. Правеле голема галама па мештаните се јавиле во полиција и ги пријавиле.

Но полицајците не сакале да соработуваат со своите колеги кои дошле да ги приведат.

Поради тоа биле ангажирани ЕБР од Скопје кои ги уапсиле.

Ова е најголем доказ дека полицијата на Наќе е тотално аздисана и го загрозува здравјето на граѓаните.

Наместо да казнуваат таму каде има кршење на владините мерки, тие не само што не го прават тоа туку и самите на големи ги кршат истите тие мерки со кои владата се бори со пандемијата со цел да се спаси државата и народот од економски колапс и од голем број жртви на смртоносниот вирус.