ЕКСКЛУЗИВНО: НА ГОЦА РАЦЕТЕ И СЕ ДО РАМЕЊА ВО КАЛ, ТАА НАЈВЕРОЈАТНО НЕМА ЖИВА ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ЗАТВОР!!!

0
1115

Како што тргна работата со отворањето на случаи од страна на Специјалното обвинителство екс-министерката Гордана Јанкулоска може жива да не излезе од затвор.

По отворањето на случајот „Титаник“, во кој Јакулоска е помеѓу главно осомничените за спроведување на изборни измами, денеска од СЈО, во рамки на акцијата „Тврдина“ на екс-министерката и поднесоа нова кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување, односно за нејзина инволвираност во уништување на опрема за прислушување во УБК, вредна 10 миони евра.

Со денешната пријава Јанкулоска се терети за прекршување на членот 353 став 5 од Крвичниот закон, кој гласи:

Ако делото од ставовите (1) и (4) е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на Република Македонија,  од јавните фондови или од други средства на државата, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години.

Додека пак, во случајот „Титаник“ против Гордана Јанкулоска беа поднесени десетина кривични пријави по кои сега постапува Специјалното јавно обвинителство, а се однесуваат на злоупотреби за време на изборните процеси, за незаконско издавање на лични карти и за злоупотреба на функцијата – серија на кривични дела за кои се предвидени казни затвор од 3 до 20 години.

Значи само засега, нејзе и се заканува затворска казна од околу 35 години, НАЈМАЛКУ, додека максимално засега може да добие над 60 години затвор!!!

А што е со процесите кои ќе следат, злоупотребата на МВР за случаите Шпион, затворањето на А1, Мартин Нешковски, 24-ти декември 2012 и упадот на МВР во собрание, случајот со новинарот Кежаровски итн итн, особено случаите на злоупотреба на МВР во однос на политичка одмазда т.е сотрување на опозицијата за што има многу индиции цо бомбите, оваа жена гадно гадно го има надрљано и навистина не е фино да си во нејзина кожа наредниов период, не би не изненадило ако оваа жена и крене рака на себе што секако во нормални услови не би му го посакале никому, но на ова клето женче… Добро, ниту на неа, правдата мора да биде задоволена!