ДЕСТРУКТИВЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГО РУШАТ АМЕРИКАНСКИОТ ЅИД СО ГЛАВА: НИЕ И ПОНАТАМУ СМЕ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

0
689

Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека тие не учествувале во преговарањето, креирањето, носењето во Собранието на Договорот од Преспа ниту пак во неговата имплементација, го сметаат за асиметричен и спротивен на македонските национални интереси, во реакцијата по Извршната наредба на американскиот претседател Џо Бајден дека ќе бидат ставени на црна листа сите оние кои работат против Преспанскиот договор.

Во писменото соопштение од опозициската партија, рекоа дека станувало збор само за рамка која се дефинира периодично и со која САД ги штитела своите национални интереси посочувајќи ја потребата за бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и потенцирала повеќе регионални договори меѓу кој и Преспанскиот каде дипломатијата на САД активно била вклучена.

“ВМРО-ДПМНЕ како партија има задача и обврска да ги штити националните и државните интереси. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор е следен: ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во преговарањето, креирањето, неговото носење во парламентот и негова имплементација, истиот е асиметричен и спротивен на македонските национални интереси” – се вели во соопштението.